Вчера пригодното беше отворена ликовната изложба на дела на младата сликарка од Битола, Билана Толевска – Наумовска, во НУ Дом на културата “Григор Причев“ в0 Охрид.
-Ликовната поставка Билана Толевска – Наумовска содржи 30 дела од нејзиното поново творештво. Тоа се дела изработени во техника на акварел и на лавиран туш. Нејзината суптилна игра со акварелот како и прецизните потези со кистот и перото, потоа нијансите и водата нанесени на хартија, се заедно, длабоко допираат до нашите емоции, често подзатаени чувства. Природните простори, сцени и пејзажи, всушност се само “средства“ за да се прикажат на експресивен начин внатрешните заскриени чувства, емоции, како и траги од минатото и интимни доживеалици и реминисценции. Притоа, впечатливите ликовни престави и потези, непосредно, доживеано и силно делуваат врз рецепиентот, рече Драган Ристевски – галерист.
Колоритот на акварелите на Толевска се карактеризираат со повекеслоност – од нежни прозрачни низанси на пезажот, до силни, динамични и предизвикувачки, напати и вознемирувачки природни мотиви и состојби.
-Ако Македониа и Охрид го имаа меѓународно вреднуваниот Вангел Наумовски со мошне богат сликарски опус, особено во акварел и лавиран туш, еве во силна почетна наава имаме еден сликарски следбеник од Битола, уметницата Билана Толевска – Наумовска. Според насловот на изложбата “Течните денови“, заедничка нитка на обата автора, легендарниот и
светски познат уметник Вангел Наумовски и младата и особено талентирана уметница Билана Толевска – Наумовска, освен нивните презиминьа, заедничко им е водата, акварелот, лавирот, додаде Ристевски.











