Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 26:18 (16:10)
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 синоќа во спортската сала “Боро Чурчевски“ во Битола во рамките на младинската “Б“ група ги победија своите врсници од екипата на Вардар со резултат 26:18, полувреме 16:10.
Оваа е 10. по ред победа на младинскиот состав против вечниот скопски ривал за зацврстување на 2 та позиција од групата “Б“ од младинскиот шампионат на Македонија.
Младите “пелистерци“ во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на играта, имаа високо водство, а ниту во еден момент не дозволија водството или исходот од натпреварот д бидат доведени во прашање.
Двајцата тренери Стевче Стефановски и Фарух Мемиќ одлично го водеа натреварот и тимот.
За Еурофарм Пелистер настапија: Младенов, Ковачевски (голмани), Димовски 4, Блажевски 1, Здравковски, Митровски, Стојчевски 3, Пецаковски 11, Павловски, Вирловски 4, Кебаковски, Василевски, Орџановски 1, Илиевски 2, Даевски и Бојчевски.










