Она што битолчани го најавија дека натпреварот Македонија- Полска е само загревање за денешниот дерби натпревар Еурофарм Пелистер- Алкалоид денес се потврди во Битола, полни трибини во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола не само на столчињата туку немаше место и на скалите, а сите заедно го стоечки го гледаа натпреварот.
Вљубениците во ракометот редовно си ги заземаат своите места на трибините и тоа ја дава добрата домашна атмосфера која се чуствува на натпреварот. Затоа и Битола го има епитетот за најракометен град со најдобра публика, а тоа беше и официјално потврдено од Ракометната Европска Федерација- EHF.
Традиционално дербито започна со „Ако одам во Битола“ кренати шалови и знамиња во рацете и песна. Атмосферата беше препознатлива за Битола песна, навивање, бурни реакции при судиски грешки, бодрење на секој играч кој дал гол.
Ракометот во Битола не препознава ниту возраст, пол и сите заедно се предводени од навивачката група „Чкембари“.

По натпреварот публиката повторно остана во салата уште дваесет минути ги поздрави играчите и им порача „ сакаме титула“, а титулата останува во Битола бидејќи е направен голем чекор победен е Алкалоид, а го чекаме Вардар.
Ракометарите, тренерот и стручниот штаб заедно со публиката се радуваа на новите бодови.
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска






