Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола по три години се враќа во прволигашко друштво (видео+фотогалерија)

Пелистер Волеј – Бами Кор 3:0

(25:16; 25:18; 25:17)

Битола по ракометот, кошарката и фудбалот доби уште еден суперлигаш тоа е женската одбојка. Одбојарките на Пелистер Волеј со победата во Битола, во спортската сала на медицинското училиште против екипата на Бами Кор со резултат 3:0 по сетови, и официјално се прволигаши. Битола од идната сезона ќе гледа прволигашка одбојка по пауза од три години.  На најубав можен начин со максимален резултат од 3:0, Пелистер славеше во Битола во последното одложено 21. коло од Втората лига на Македонија над екипата на Бами Кор од Тетово и со тоа ја запечати својата виза за идната сезона. Пред полна сала онака како и што се најавуваше Пелистер ја израдува својата публика, а предводник беше Ивана Белокозовска со 17 поени, додека капитенот Стефани Најдановска забележа само 1 помалку односно 16.

-Благодарност до публиката, до нашите фанови и поддржувачи, до сите оние кои придонесоа за оваа успешна приказна. Дефинитивно не чека голема реорганизација и припрема за повисоко ниво за наредната сезона, за што повикуваме на уште поголема сплотеност и единство и се надеваме на нови партнери кои ќе го поддржат Пелистер Волеј во новата сезона како нов македонски суперлигаш, рече среќен по пласманот во првата лига тренерот Роберт Митковски, кој најави: -Радоста ќе трае кратко бидејќи не очекуваат нови предизвици во првата лига, посериозна работа сите заедно, ние стручниот штаб да го оправдаме пласманот.

Текст и фото: Дамијана Ристевска