Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Вододов“ Битола: поради дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување дел од Баирот

ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека денес на 18.04.2025 (петок), поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:

-Oд населба “Баир“ (од над “Илинденска“ до “Христијан Карпош“), “Охридска“, “Сава Ковачевиќ“ и ул. “Широка“.

Со намален притисок ќе биде “Стрежевска населба“.

Прекинот ќе трае до завршување со активностите.

Овластен изведувач од Општина Битола е градежната фирма “СТЕНТОН ГРАДБА“.
More from ВестиMore posts in Вести »