Денес, недела, 20 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, понеделник, 21 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 24 степени.






