-Оваа година одбележувањето на “Селски велигден“ започна вчера во дворот на ОУ “Даме Груев“ во Битола, а во рамките на фестивалот “Весел петок“.
-Населението што се доселувало во Битола со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден.
-Гостите од селата кои доаѓале во Битола, го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.
Традицијата мора да се чува, негува, презентира и пренесува. КУД Илинден од Битола го прославува Градски Селски Велигден во Гинимале (Јени Маало). И годинава во жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале), ја продолжија вековната традиција наречена, Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин. а празникот Источен Петок – Балаклија, на првиот петок по Велигден.
Во дворот на ОУ Даме Груев, вчера, започна тридневниот фестивал “Весел Петок“, со кој во Јенимаале се одбележува празникот Источен Петок – Балаклија или познат како Градски – Селски Велигден. Се одржа богата културно уметничка програма во организација на ОУ “Даме Груев“, каде настапија учениците од ова училиште, игроорците од КУД “Илинден” Битола, КУД “Илинден” Демир Хисар и традиционалната играорна група на Општина Неаполи – Сикес, Грција.
Како и изминатите години така и оваа година по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.
Во Јенимаале гостин беше и градоначалникот на Битола кој рече: -Убаво е кога низ музика, песна и игра, продолжува да се негува традицијата. Ви се заблагодарувам за оваа прекрасна атмосфера со која, веќе традиционално ја исполнувате Битола. На сите граѓани сакам да им го честитам Источен Петок – Балаклија, православниот верски празник кој се слави во четврток и петок, по Велигден. Нека е за многу години.
Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува, а и отворија вратите на своите домови за роднините и пријателите не само од селата, кои за жал се помалку ги има, туку и за сите пријателите битолчани, кои годинава ги имаше во голем број.
Завршувањето на овогодинешниот фестивал Весел Петок е утре, со Велигденски концерт во НУ Народен Театар Битола, каде што учество ќе земат играорни групи од Битола, како и гости од други градови од Македонија и странство, гости на фестивалот.






