Press "Enter" to skip to content

Ненад Трајковиќ не е повеќе тренер на КК Пелистер, довербата сега ја има Дејан Илиевски

После вториот пораз на кошаркарите на Пелистер, вечерва, од Работнички во Скоје, кошаркарскиот клуб Пелистер ја извести јавноста дека ја прекинува соработката со тренерот Ненад Трајковиќ, по слабите игри и резултати на екипата во изминатиот период.

Улогата на прв тренер до крајот на сезонава ќе ја има Дејан Илиевски, стручњак што во последните години е дел од тренерскиот тим на „зелено-белите“, а сега ќе добие шанса и како шеф на стручниот штаб.

Инаку, Трајковиќ дојде на чело на Пелистер на почетокот од оваа календарска година на местото на Александар Петровиќ.