Традиционално, како и секоја година на денот на основањето во април и чествувањето на патронатот Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола врши промоција на нови доктори на наука.
Оваа година во рамките на свечената програма при одбележувањето на Денот на основање на Универзитето “Св. Климент Охридски“ беа промовирани нови доктори на науки, што претставува важен индикатор за растот и зрелоста на научната заедница на укло, како и за поддршката на универзитетот за континуиран научен развој со висок општествен импакт.
Седум нови доктори на науки се придружија денеска на листата од скоро 500 кои своите докторски истражуваања и тррудови ги завршиле на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.
-Промовирани беа два доктори на економски науки, и по еден доктор на науки од факултетите за Безбедност, Туризма и угостителство, Техничко-технолошкиот, Биотехничкиот и еден доктор на науки по правни науки – меѓународно право. Доктори на науки кои допрва ќе го даваат придонесот во науката, во општеството во целина. Докторската титула е само почеток на можноста да се работи наука, вели проф. Д-р Игор Неделковски.
Универзитетот “Св. Клименто Охридски“ го возможува третиот циклус на студии на најголем број од своите единици – факултетит и институти.
Се поголем е бројот на странски студенти кои своите втор и трет циклус – магистерски и докторски студии сакаат да ги стекнат на универзитетот со седиште во Битола.

УКЛО промовира уште седум доктори на науки (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победи на гостувањето во Новаци
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023





