Press "Enter" to skip to content

Пелистер го “растури“ Рабитнички во Битола за 1:2 во плеј-офот (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 101:77 (1:2)

„Пелистерци“ во Битола вечерва го одиграа можеби својот најдобар меч сезонава, доминираа во секој аспект и се вратија во игра во четвртфиналната серија со Работнички.Екипата на Пелистер триумфираше со 101:77 на третиот меч од серијата со Работнички, останувајќи во игра со намалувањето на 1:2 во оваа четвртфинална серија од плејофот.Шок-терапијата со ангажманот на  Дејан Илиевски за нов тренер се покажа како полн погодок, „пелистерци“ одиграа еден од своите најдобри мечеви сезонава, во секој аспект на кошаркарската игра беа подобри од противникот и со право си ја вратија самодовербата во пресрет на наредните предизвици во ова четвртфинале.Почетокот мина во знакот на Никола Мишковиќ, откако српскиот кошаркар ги постигна првите 10 поени на Пелистер на мечот, помагајќи „зелено-белите“ од самиот старт да се одлепат и набрзина да поведат со 12-4.

Свој придонес дадоа и Американците Галовеј и Антоан, со чие забивање стигнавме и до првото двоцифрено водстсво (16-6). Стајиќ и Антоан беа кошаркарите што реализираа до крајот на првата четртина, носејќи предност од убедливи 28-11, пред Работнички да намали на 28-15 пред самиот крај на овој период од мечот.Гостите за момент се спуштија на „минус десет“ (28-18), но Пелистер имаше одговор, Стајиќ погоди две тројки за една минута, прецизен беше и Мишковиќ, па предноста повторно скокна на 36-20.Енергичноста беше заштитен знак на Пелистер во овој дел од мечот, беа изнудени грешки на гостите, што доведоа до лесни поени на спротивната страна, по што предноста растеше.Мишковиќ уште во 15. минута од линијата за слободни фрлања го донесе првото водство од „плус 20“ (42-22), нешто подоцна прецизен беше и Стајиќ за 50-29, за Пелистер заслужено да замине на одмор со убедливи 55-36.

Доминацијата на „зелено-белите“ продолжи и во третиот период, предноста се движеше околу 20 разлика, кога Пелистер влезе во ново шутерско шоу, Стајиќ врза нови две тројки, од днад девет метри прецизен беше и Александар Костоски и предноста експресно скокна на 77-48. Веќе во следниот напад шутерското шоу продолжи и со тројка на Мишковиќ, со која Пелистер стигна до фантастични плус 32 (80-48).

Во последната четвртина се влезе со резултат 80-54, по што домашниот тим знаеше како да ја задржи убедливата предност до самиот крај. За моменти имаше осцилации, пред се во енергичноста во одбраната, но ефикасниот напад беше заштитен знак на Пелистер на овој натпревар, се влегуваше во серија прецизни удари од далечина и предноста повторно се зголемуваше.На крајот, резултатот гласеше 101-77 за Пелистер, а последните поени за „зелено-белите“ ги постигна младиот битолчанец Марковски.

Мишковиќ беше најефикасен со  27 поени, но најдобар поединец на натпреварот беше Бобан Стајиќ, кој собра 36 индексни поени (24 поени, 7 скокови, 9 асистенции и две украдени топки). Брајан Антоан учествуваше со 21 поен во оваа победа, а двоцифрен ефект имаа уште и Костоски (11 поени) и Галовеј (10 поени).Четвртиот меч од оваа четвртфинална серија ќе се игра претстојниот викенд повторно во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »