Press "Enter" to skip to content

Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)

Во просторот каде што зборовите не се декор, туку суштина, Утопија – книжевниот клуб од Битола , приреди уште една вечер посветена на литературата како жив дијалог. Гостинка на овој настан беше Лидија Димковска – поетеса, писателка и преведувачка чие дело одамна ги надминува границите на жанр, држава и очекување.Вечерта се отворија разговори за романите „Резервен живот“, „Но-уи“ и „Единствен матичен број“ – книжевни точки од кои се тргнува, но ретко се враќа непроменет. Настанот беше дел од редовната програма на првиот Книжевен клуб во овој град кој го води писателката Јасмина Атанасова – заедница што расте обединувајќи љубители на книгата и разговори за неа.Следната средба е веќе на повидок: 28 мај, гостинот е Божин Павловски, еден од најпреведуваните современи македонски автори. Писател кој не ја раскажува историјата – туку ја провоцира. Неговата проза е гласна, немирна и политички остра, секогаш вкоренета во длабоко лично искуство.На настанот ќе присуствува и Павловски лично. Препорачани четива пред настанот:    “Подвижни гробови“ роман за меморијата како политички простор, “Роботот на љубовта“ приказна каде љубовта е последниот отпор кон автоматизираното општество.Како што велат од Утопија, “Секогаш читаме повеќе од страници – читаме луѓе.”

More from КултураMore posts in Култура »