Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад на работно место, малотетничко насилство, физички нападнати мајка и три малолетни деца во Чаршијата

На 06.05.2025 во 21.20 часот во СВР Битола, К.Ч. (47) од Битола пријавил дека на работното место во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Кајмакчалан“ – Битола бил физички нападнат од неговиот колега од с. Трновци, општина Могила, кој употребил и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.05.2025 во 14.00 часот, во СВР Битола, А.И. (49) од Битола пријавила дека на 05.05.2025 околу 19.00 часот во населба Баир во Битола, нејзината малолетна внука била физички нападната од друг малолетник, кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.05.2025 о 19.00 часот во СВР Битола, Ф.В. (35) од Битола пријавила дека во продажен објект во Старата чаршија во Битола, таа и нејзините три малолетни деца биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »