Денес, четврток, 8 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Попладне можност за појава на нестабилност со пороен дожд. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, петок, 9 мај, во Битола времето во Битола ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 24 степени.






