Press "Enter" to skip to content

“Биди дел од медицинско“ – отворен ден во Средното медицинско училиште, со огромна посетеност

Едукација и инспирација под еден покрив! Општинското средно медицинско училиште ги отвори вратите за сите љубопитни, амбициозни и хумани млади кои се заинтересирани за светот на медицината.Под мотото „Биди дел од медицинско“, овој отворен ден понуди богата и интерактивна програма, која даде незаборавно искуство. Посетителите имаа можност да присуствуваат на демонстрации на прва помош, каде научија основни, но животно важни техники за спасување животи.На интерактивните работилници, учениците и наставниците ги воведоа учениците во тајните на медицинската наука преку експерименти, вежби и практични активности. Настанот беше збогатен и со отворени разговори со наставници и ученици, во кои посетителите можеа директно да прашаат сè што ги интересира за теоретската и практичната настава, професионалните насоки и секојдневието во медицинското училиште.Покрај едукативниот дел, присутните уживаа во музичка програма, забава и изненадувања, со цел дружење, поврзување и создавање позитивна атмосфера.

Настанот беше наменет за сите основци кои размислуваат за својата иднина во бел мантил, но и за родителите и наставниците кои сакаат да се запознаат со мисијата и вредностите на училиштето. 

More from ВестиMore posts in Вести »