НУ центар за култура-Битола промовира монографија „1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“, публикација богата со фотографии и содржини кои сведочат за македонското монодрамско творештво.
Со оваа монограција фестивалот на монодрама доби свое трајно сведоштво, која во рамките на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола, свечено беше промовирана, книга што не е само печатено дело, туку жив документ за љубовта кон театарот и моќта на поединецот на сцена.
На промоцијата свои обраќања имаа Љупка Коларова Пајевиќ, Маја Андоновска Илијевски, Билјана Крајчевска и проф. д-р. Сашо Димоски.
Љупка Коларова Пајевиќ ги поздрави присутните со зборови исполнети со благодарност и гордост, нарекувајќи ја монографијата „монументално дело“ кое го сублимира трудот, љубовта и истрајноста што стојат зад една 25-годишна традиција.
-Не е само историја, туку и своевиден учебник,“ рече таа, посочувајќи ја важноста на секој податок, секоја фотографија и секое сведоштво вградени во оваа книга. Таа се заблагодари на сите директори, поддржувачи, тимови, дизајнери, преведувачи, фотографи, но особено на верната публика која со љубов го следи фестивалот со децении.
Според авторката Билјана Крајчевска, драматург, монографијата го опишува културното наследство на фестивалот и градот домаќин.
-Работејќи на монодрамата како еден спектакл кој што го вклучува поединецот како автор, режисер…претставува можност да се опише културниот идентитет и културното наследство што се случува на овој фестивал стар 26 години. Монографијата е сублимат на материјал, огромен и богат кој сведочи за историјата во Битола врзана со почетоците на фестивалот се до денес, а почетоците на фестивалот се темелат на фактот да се задржи и поттикни македонското монодрамско творештво, а со меѓународниот предзнак ние тука буквално можеме да ги видиме актерите од цел свет, истакна Крајчевска.
Маја Андоновска Илијевски истакна дека оваа монографија не е само книга, туку „жив сведок на страст, труд и верба дека моќта на актерот – сам на сцена – може да го освои светот“. Таа упати силна благодарност до сите кои го граделе фестивалот низ годините, и посебно ја истакна улогата на Љупка Коларова Пајевиќ – „душата на фестивалот“, која од првото издание до денес вложува неуморна енергија и грижа.
На промотивниот настан во Битола, вториот автор на монографијата, проф. д-р Сашо Димоски, посочи дека Интернационалниот фестивал на монодрамата е мост кој што поврзува медидијани.
-Фестивалот во Битола во поширок контекст е собитие со исклучително културно значење бидејќи е еден мост кој поврзува меријани. Овој фестивал го слави едниот карактер, ја слави монодрамата, она со што всушност започнува театарот. Оваа книга ги заокружува првите 25 години на фестивалот, разнородноста на фестивалот, неговиот раст и значење. Затоа оваа книга е сведоштво за тоа како се развива уметноста и културата во овој град и нашата држава, истакна Димоски.

Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)









