За нов претседател на Синдикалната организација на ЈЗУ Клиничка болница Битола е избрана Елена Дивјакоска.
Дивјаковска својата синдикална кариера ја започнала во 2009 година како синдикален референт, од тогаш па до денес е член на советот и извршниот одбор, а работела и како претседател на комисии.
Денешниот избор на кои беа предложени двајца кандидати се одвиваше со тајно гласање од повереници од сите служби.
По изборот Дивјакоска му се заблагодари на сите за присуството, а особено на оние кои и дадоа поддршка.






