Press "Enter" to skip to content

Заеднички прес пред Купот на градоначалникот на Охрид, престедателот на РФМ и екипите учеснички

Охрид викендов е домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија на кој учествува ракометниот крем во земјата. Покрај бранителот на Куп титулата Алкалоид играат уште и Вардар од Скопје, Еурофарм Пелистер од Битола  и домаќинот ГРК Охрид.

Општина Охрид втор пат е домаќин на завршнивата од купот.

-На турнирот ќе настапи најдобрата четворка во последните неколку години во Македонското првенство. Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи, изјави на прес конференцијата градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Претседател на Ракометна федерација на Македонија, Александар Стефанов им посака среќа на сите учесници.

-Во еден ракометен дух, една коректна борба, да имаме убав Ф4. Ги повикувам сите македонци да дојдат, ова е ракометен празник. Ф4 Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух кој ја одразува оваа ракометна игра во која победникот ќе се закити со пахар и прво место, рече Стефанов.

Ф4 во Купот на Македонија секогаш претставувал едно натпреварување кое буди посебни емоции и како сите противници, РК Пелистер, доаѓа со амбиција да го врати овој трофеј во своите витрини, рече Звонко Шундовски, извршен директор во клубот.-Купот секогаш ни приредувал изненадувања, така мислам ќе биде и овојпат. Знаеме дека не победуваат секогаш фаворитие во Купот и затоа се подготвуваме максимално сериозно, посветено пред се за првиот натпревар, а потоа ако се пласираме, а цврсто верувам дека ќе се пласираме во финалето, и да го вратиме после 20 години овој трофеј во нашите витрини, истакна Шундовски.

Финалето од Ф4 Купот на Македонија ќе се одигра утре, 1 јуни, со почеток во 17:30 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »