Под капата на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, чиј член е и Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола , на 31 јуни 2025 по втор пат на УКЛО се одржа Саемот за математика, наука, технологија, инженерство и уметност ПОГОН, наменет за учениците од основно и средно образование и секако за студентите и бизнис заедницата.
Според организаторите, Техничкиот факултет – Битола и Сојузот на математичари на Македонија, ваквите настани се одличен начин кај младите луѓе да се зголеми интересот за природните и техничките науки.
Д-р Елена Котевска, професорка по математика на Техничкиот факултет, како идеен креатор и реализатор на Саемот, посочува дека оваa година e зголемен интересот за учество во ПОГОН, за што сведочи бројот од околу 200 ученици од Битола и регионот. Основците учествуваа во тимски натпревари по математика и физика, средношколците презентираа проекти од овие области, за децата од предшколска возраст до четврто одделение се одржаа игри на отворено, а дел од нив учествуваа во натпреварот за брзо местење на Рубикова коцка. Свои презнетации имаа и претставници од ИТ бизнис заедницата.
Настанот се одржа во колаборативниот простор на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС сместен во СИЦ на УКЛО.
Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска посочува дека ПОГОН ја отсликува најважната активност на Алијансата – транзиција на учениците од основните и средните училишта кон академијата и универзитетот.
Учесниците на саемот имаа можност да се запознаат со менторираните изработки од студентите на УКЛО: билигвалниот студентски магазин УКЛО КОЛОРС, во кој годинава ќе бидат застапени деветте јазици на Алијансата, како и со средношколскиот конкурс на УКЛО ,,Корени и крилја – европска диплома дома!“, од кој произлегоа креативни средношколски трудови објавени во посебна брошура лекторирана и дизајнирана од студенти под менторство на професори и стручни кадри од Универзитетот.
Посебен интерес кај младите предизвика иницијативата Colors Juniors на УКЛО, која веќе е превземена од сите партнери на Алијансата.
Во насока на промоција на Саемот за математика, наука, технологија, инженерство и уметност ПОГОН 2025, изработени се две репортажи од COLOURSjunior основката Ноела од Слушнете неее! на УКЛО ФМ – Битола и #COLOURSstudents Дарко Трпковски од УСС УКЛО.

“Погон“ УКЛО Битола, втор саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност,
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)





