Денес, петок, 6 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 31 степен.
Утре, сабота, 7 јуни во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Температурата во Битола до 32 степен.






