Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Живко Митревски, од Битола реизбран за претседатен на Сојузот на синдикатите на Македонија (фото)

Пред 10 години, Сојузот на синдикатите на Македонија, деновиве, во Охрид на 19-тиот конгрес го избра новото раководство, со реизбор на претседателот Живко Митревски, од Битола кој лидерската функција ја извршува од октомври 2010 година, а него гласаа сите присутни 98 делегати од 17 гранкови синдикати, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во презентирањето на новата програма пред делегатите, Митревски, меѓу другото, истакна дека новото раководство како претставничко тело на работниците, во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците, елиминирање на разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација.-Бараме и натамошно унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор и безбедни и здрави услови при работа, истакна тогаш Митревски, а овие барања се уште се актуелни и по 10 години.Митревски нагласи дека ќе се фокусира на потпишување колективни договори на сите нивоа, како во малите и средни претпријатија, така и во големите, во приватниот сектор, како за работниците во тој сектор, така и за вработените во јавнито сектор и администрацијата.-Бараме обезбедување сигурни работни места, обезбедување траен работен однос, работа на неопределено работно време како предуслов за мирен и спокоен живот. Сигурни плати
за сите работниците, кои ќе обезбедат пристоен живот на работниците и нивните семејства, рече Живко Митревски, првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе настојува на имплементирање протокол за социјален напредок.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »