Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола како член на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС од 9-11 јуни 2025 година организира два колабораториуми – како платформа за размена на знаење, искуства и идеи меѓу академската заедница, локалната самоупрaва, бизнис задницата и невладиниот сектор.
На настаните: Зелена транзиција- Паметни патишта кон одржлив развој и Паметни пристапи кон земјоделството и прехранбените системи за одржлив и здрав свет, со свои излагања учествуваат и преставници од КОЛОРС универзитети од Хрватска. Латвија, Франција, Полска и Чешка.
На колабораториумот посветен на Зелена транзиција- Паметни патишта кон одржлив развој посочено е дека енергетската транзиција забрзано станува наша реалност и таа нужно опфаќа различни аспекти на економски, социјални и технолошки предизвици.
Настанот е посветен на повеќе актуелни прашања: отворање дијалог за праведна енергетска транзиција, идентификување и решавање на предизвици во општината и општеството, примената на вештачка интелигенција за заштита на биодиверзитетот во природен парк, до однесувањето на потрошувачите и концептот на одржлива потрошувачка, претставување на искуства во врска со праведна транзиција, како и презентација на успешни приказни.
Преку дискусии, презентации и студиска посета на фотоволтаична централа, учесниците од различни институции, здруженија и сектори стекнуваат конкретен увид во реалноста, предизвиците и примената на новите технологии во енергетиката и нивното влијание врз одржливоста.
Експертите учесници на колабораториумот Паметни пристапи кон земјоделството и прехранбените системи за одржлив и здрав свет, укажуваат дека современиот свет се соочува со сериозни предизвици поврзани со климатските промени, исцрпувањето на природните ресурси, глобалната економија и зголемувањето на населението.
Овие фактори имаат директно влијание врз системите за храна. Се предвидува зголемување на глобалната побарувачка за храна за околу 70% до 2050 година.
Паралелно со ова, загубите и отпадот од храна остануваат сериозен глобален проблем. Оттука произлегува потребата за системска трансформација: од традиционално кон паметно земјоделство и од линеарна кон циркуларна економија.
На средбата со медиумите, професорката Мимоза Богданоска Јовановска, раководител на Колаборативниот простор на УКЛО КОЛОРС, посочува дека проектот КОЛОРС има цел да направи транзиција на универзитетот и доближување до заедницата.
На патот на постигнување на таа транзиција се организираат повеќе настани меѓу кои и тематските колабораториуми, настани од различен аспект што допираат актуелни проблеми и предизвици.

Два тематски настани на УКЛО Битола посветени на зелената транзиција и прехранбените системи
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: ќе се ажурираат водомерите и водоводните приклучоци
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени
- Кошаркарите на Пелистер со победа ја отворија сезоната, победен ТФТ во Битола (фотогалерија)
- Креативен есенски пикник на Пелистер: Децата твореа, спортуваа и уживаа во природата
- Една маса во Битола, голем дел од филмската историја





