Press "Enter" to skip to content

Во Хераклеја со “Леб и сол“ стартуваше 17. по ред “Бит фест“ во Битола (видео + фотогалерија)

-Во прекрасна атмосфера на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, со концерт на култната македонска група “Леб и сол“, започна 17 издание на Бит Фест, кое го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Вечерва со незаборавен концерт на групата „Леб и сол“ на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, свечено беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „БИТ Фест“.Пред многубројната публика, легендарната македонска група го означи почетокот на својата јубилејна турнеја по повод 50 години постоење, но и почетокот на едно од најзначајните културни случувања во земјата.Годинашниот “Бит фест“ за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Вечерва го отвораме годинашното издание на “Битфест“ и сме особено горди што фестивалот продолжува да расти, што имаме добра програма, и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој битолчанец, ја негуваме убавината на уметноста, кое е наша годинашно мото, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да им ја дариме на нашата Битола. Искрено им благодариме на сите кои вложуваат во културниот живот на нашиот град, особено на министерството за култура и туризам за континуираната поддршка.

-Со задоволство најавуваме дека културните настани ќе траат се до 31 август, но Битола веќе пулсира во знак на уменоста. Уште од првиот календарски ден на летото, го имавме фестивалот на музиката “Солстис“, а уживавме и во други настани од годишната програма за култура, Битола Отворен град, Илинденски денови, Битолино и други настани поврзани со јубилеи на наши уметници, групата “Гром“, како и највлијателните DJ артисти на сите времиња – Армин ван Бурен на 3 август г0динава, рече Коњановски.Публиката уживаше во познатите композиции на „Леб и сол“, изведени во автентичната атмосфера на Хераклеја, што дополнително ја засили магијата на вечерта. Концертот беше вистински музички спектакл, исполнет со емоции, носталгија и енергија која ја одбележа првата фестивалска вечер. “Леб и сол“ од Битола ја започнаа нивната турнеја по повод 50 години од основањето.Беа исполнети големите инструкентални хитови на оваа група, “Јовано Јованке“, “Бистра вода“, “Шар Планина“, “Доне Донке“…

Инаку, секоја од досега познатите приказни за овој вонсериски состав започнува со податокот дека групата е основана на 1.1.1976 година, во скопската населба Тафталиџе, на улицата “Мексичка“. 

Сè по тој датум е испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја.Официјалната програма на БИТ Фест ќе трае до 31 август и ќе понуди богата палета на културни настани од различни жанрови – концерти, театарски претстави, изложби, книжевни вечери, филмски проекции и други културни содржини.Организаторите најавуваат лето исполнето со култура, уметност и забава, поддржано од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.И пред официјалниот старт, публиката веќе уживаше во неколку настани од пред-програмата, меѓу кои Празникот на музиката „Солстис“, младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“ и саемот на книга „Критична маса“, кои ќе продолжат и во наредните денови.

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »