Со нова енергија, посветеност и професионална поддршка, Ева Милевска членка на ски клубот Пелистер од Битола чекори сигурно кон своите нови предизвици на снежната патека.
Скијачката Ева Милевска ја започна својата нова сезона со подготовки на глечерот Стелвио, во близина на Бормио, местото каде што ќе се одржат машките спуст трки на претстојните Зимски олимписки игри „Милано-Кортина 2026“. Ова беше повод за нашиот разговор и уште на почетокот Ева ни кажа…
„Летните подготовки се основа на нашата скијачка сезона“, месец јуни го започнуваме со физички тестирања кои опфаќаат повеќе сегменти на подготвеност, по што следуваат првите тренинзи на снег.“

Кажи ни какви се овие подготовки и колку време ќе траат ?
Во раните снежни тренинзи фокусот е ставен на техничкото усовршување преку слободно скијање, корективни вежби и анализа на техниката. Подготовките продолжуваат сѐ до август, со интензивна динамика – наизменични тренинзи на глечер и работа во сала или скијачка хала.
Кои се твоите очекувања од подготовките ?
Исполнета сум што сезоната ја започнувам со континуитет и структуриран план, онака како што треба.Особено ми значи ова по минатата сезона, која беше фокусирана на враќање по сериозна повреда. 
Текст и фото: Дамијана Ристевска





