Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамките на кампањата „До вас, за вас“, која се реализира денес на плоштадот Гоце Делчев.
Средбата се одржа во рамките на посетата на БЈБ во Битола за кампањата „До вас, за вас“, која ќе се реализира вечерва на плоштадот “Гоце Делчев“ од 18:00 до 21:00 часот.
-Целта на кампањата е да ја доближи полицијата до граѓаните, преку интеракција, едукација и подигнување на свеста за јавната безбедност. На средбата заеднички ги согледавме реалните безбедносни предизвици со кои се соочува нашиот град и разговаравме за конкретни чекори за нивно надминување. Посебен акцент ставивме на потребата од поставување видео надзор за заштита на урбаната инфраструктура, зголемување на јавната безбедност и спречување на вандализмот, рече Коњановски.






