Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за физички напади, апсење за марихуана, пронајдено исчезнатото лице

На 10.07.2025 во 18.15 часот во СВР Битола И.Н. (47)  од Битола пријави дека на  ул. „Батаљон Стив Наумов” во Битола  била физички нападната од непознато женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.07.2025 во 20.56 часот во СВР Битола Д.Б. (39)  од Битола пријави дека  во Клиничка болница Битола била физички нападната од непознато машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа П.П. (65)  од Битола, кој на 09.07.2025 од страна на неговиот син беше пријавен за исчезнат.  

На 10.07.2025 во 19.00 ч. полициски службеници од СВР Битола на ул. „Смилевски конгрес” во Битола лишија од слобода 40 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него е пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.