На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (45) од с.Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
На 13.07.2025 во 23.30 часот во Полициското одделение Велушина, Н.К. (43) од Битола пријавил дека во продажен објект во с.Бистрица, битолско, бил физички нападнат од лице од село Олевени, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 13.07.2025 во 15.50 часот во СВР Битола, 36-годишна битолчанка пријавила дека на работно место во спортска обложувалница во Битола била допирана по телото од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 13.07.2025 во 10.40 часот во СВР Битола, 29-годишна битолчанка пријавила дека лице од Битола извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






