Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Вододов“ Битола: утре без вода неколку села во битолско

ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека на ден 15/07/2025 (вторник), поради технички зафат од страна на фирмата изведувач “БВ инжинеринг“, се затвора регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената ПЕ цевка ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на ул. “Кире Костадиновски“ – Горно Оризари, Раштанска, Раштани, Крклино, Кукуречани ,Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци, Далбеговци.
 
Прекинот ќе трае од 07:00 ч. до завршување на работите.