Вечер на “Бит фест“ во Битола, во Офицерски дом во Битола, посветена на тивките и бурните мигови што ги носи музиката, интерпретирани преку дела на големите мајстори.
„Затишје и бура“ – пијано рецитал – Концерт на Горјана Стојановска, замислен како интимна прошетка низ човечките емоции, каде публиката без дистанца ќе биде водена од едно дело кон друго – како мисла, како чувство, како споделена тишина или внатрешна бура.
На програмата се Ј. С. Бах – Капричо „На заминување на најмилиот брат“, Шуберт/Лист – „Серенада“ и „Воденичарот и потокот“, С. Рахмањинов – Музички момент оп. 16 бр. 4, Чајковски/Володос – „Приспивна во бура“ и А. Скријабин – Соната бр. 3.
Музиката како безвременска емоција. Сцената и публиката – во еден здив. Не пропуштајте!










