Денес, среда, 16 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени.
Утре, четврток, 17 јули, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер. Температурата во Битола до 34 степени.






