Денес, понеделник, 21 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во Битола до 37 степени.
Утре, вторник, 22 јули, во Битола, времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 38 степени.






