Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 38 степени

Денес, среда, 23 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 38 степени.

Утре, четврток, 24 јули, во Битола времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 38 степени.