Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола проф. д-р Игор Неделковски оствари средба со Алберт Керимов, успешен професионалец од Битола и генерален менаџер на престижниот „Gordon Ramsay Bar & Grill“ во Куала Лумпур, Малезија.
На средбата покрај теми поврзани со значењето на квалитетната и перманентна едукација и висока работна етика, разговарано е околу можности за идна соработка преку Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, единица на УКЛО, со цел студентите да се инспирираат и да развиваат практични врски со реномирани имиња во глобалната угостителска индустрија.
Искуството, трудољубивоста и интернационалното искуство на Керимов се посочени како мотивирачки и поттикнувачки за младите луѓе. Неговите ставови дека – „кулинарството е уметност, а атмосферата и конекцијата со гостите се клучни“, претставува вистински охрабрувачки пример за посветеност и работа – вредности што ги негува УКЛО.






