На две недели до почетокот на новата сезона во Првата лига, битолски Пелистер скоро го заврши преодниот рок. Клубот од Битола се засили со страничкиот српски напаѓач Лука Булатовиќ и Ѓорѓе Белиќ фудбалер за врска.
Булатовиќ има 26 години, за договорот со Пелистер рече:
-Кога го добив повикот од Пелистер, почувствував голема чест и привилегија, и многу брзо постигнавме договор. Пелистер е клуб со голема традиција и свесен сум за „тежината“ на дресот. Подготвен сум да го дадам својот максимум за овој клуб, градот и луѓето во него. Ќе се потрудам заедно со моите соиграчи и стручниот штаб да ги постигнеме целите на клубот.
“Пелистерци“ го промовираа четвртото српско засилување, Ѓорѓе Белиќ кој има 27 години, а потписот со Пелистер рече:
-Среќен сум што дојдов во Пелистер, клуб со голема традиција. Свесен сум колку навивачите го сакаат овој клуб, со нетрпение го очекувам македонското дерби и прекрасната атмосфера пред полн стадион. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и дека заедно ќе се радуваме на победи и добри резултати.








