По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“.
Со овој чин беше оддадена почит на сите кои со својата жртва ја извојуваа слободата што ја живееме денес.
По повод празникот, градоначалникот Коњановски упати честитка до граѓаните, посакувајќи низ идеалите на нашите Илинденци, да ги надминеме предизвиците на денешнината и да продолжиме да создаваме подобра иднина и сигурност за новите генерации:
-Пред 122 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата борба за слобода, а пред 81 година АСНОМ ја зацврсти идејата за независна држава. Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и истрајност. Од Илинденското востание и Крушевската република, преку Првото заседание на АСНОМ, до денешната независна Македонија, ја чуваме заветната мисла на нашите херои: државата се гради со љубов, посветеност и борб за
заедничка иднина.
Со почит кон сите што го положија животот за Македонија, наша должност е нивните идеали да ги преточиме во дела – преку почит, разбирање и единство, да создадеме посилна и посигурна татковина за идните генерации.
Нека ни е честит Илинден! Нека ни е вечна Република Македонија!

Одбележен Илинден, положено свежо цвеќе на спомениците на Илинденците и на двата Илиндена
More from ВестиMore posts in Вести »
- Утре започнува 5. по ред “Фестивал на жетвата“ во Новаци
- НУ Завод и Музеј – Битола организираше меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство
- Алем Хаџиќ заминува од Битола со Еурофарм Пелистер спогодбено ја прекинаа соработката
- Глуво семе
- Во Битола сончево, попладне услови за нестабилност, температурата до 34 степени





