-Со цел да се сочува богатиот архивски материјал, фонд на музика овековечен на ленти, касети и бројни грамофонски плочи на првата локална станица на Балканот Радио Битола, која веќе не постои, Државниот Архив на РМ – одделение Битола и Здружението на граѓани Архивист 2, организатори на изложбата посветена токму на ова радио, започна со своите сечавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство и автор на последната монографија за Радио Битола.
-Ова е единствена изложба од ваков вид во земјава досега, а ние како архив ги повикуваме граѓаните кои имаат ретки плочи да ги донесат кај нас, со цел во иднина да организираме и други вакви изложби, ќе каже тогашниот директорот на подрачната единица на Државниот архив во Битола, Ацо Кимовски.
-Јас, кој го поминав најголемиот дел од работниот век во Радио Битола на оваа изложба гледа со голема радост. Ваквите иницијативи се неопходни за спас од заборав не само на ова радио, туку и на сите значајни чинители на македонското новинарство., реков тоагааш и стојам и денес на тој став.
-Радио Битола имаше претежно народна музика. Но за прв пат мора да се каже дека тука е емитувана првата македонска забавна композиција, ќе рече тогаш Димче Миновски, уредник во Радио Битола.
Во фоајето на Центарот на култура во Битола беа изложените 200 грамофонски плочи и дел од опремата на ова радио што е зачувана во архивот по неговото одење во стечај, а изложбата се одржу во рамките на најдолгото културно лето Бит фест 2015.

Деновиве пред 10 години: изложбата посветена токму радио Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола го прослави 26 роденден на Тумбекафе (фото)
- Деновиве пред 10 години: протести пред Апелација Битола против СЈО и куќниот притвор на Талески (фото)
- “Street Food Festival“ по 3. пат во Битола, на платото пред бар “Манаки“ (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
More from ВестиMore posts in Вести »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Во понеделник од 5 до 9 часот најавен штрајк на грчките царински службеници
- Повратникот Благој Димитриев засилување за КК Пелистер
- Уапсени двајца крадци од Битола, украле 30 штеки цигари, едниот издржувал затворска казна
- СВР Битола: приведени возачи за возење без возачка и со забрана за возење









