Споменикот на војводата Александар Турунџев од дворот на Општина Битола е пренесен на кружниот тек кај Ат пазар, каде е поставен на постаментот, а ќе биде свечено откриен на денот кога се навршуваат 120 години од неговата смрт, кога е обесен на 30 август 1905 година кај Ат пазар во Битола, кога има само 33 години во близина каде е поставен споменикот.
Автор на споменикот е Ѓорги Димовски, и е изработен од бронза.
Инаку, Турунџев како вели народната песна „Црно му било пишано“ бил дел од организација ТМОРО 16 години, а на 17 години од неговата борба за Македонија, бил “фатен“, бил една година в затвор, а потоа окован во пранги обесен на Ат пазар, пред 3.000 битолчани.
Турунџев е роден е во 1872 година во с. Горно Врбени), Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.
Гробот на Турунџев се наоѓа на Илинденските гробишта “Света Недела“.






