Синоќа во Битола по втор пат се одржа “Street food Festival“. Настан по светски терк со интересен концепт, летна шема уживање со добра музика, храна и пијалоци. За прв пат “Street food Festival“ во Битола и поширокиот регион, се огранизира минатата година.Тоа е настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна, а тоа битолчани го препознаа и повторно беа на платото пред бар кафе “Манаки“, кај поштата во Битола, а организаторите имаа “слатки“ проблеми да им резервираат маси на сите кои искажаа голем интерес за настанот “Street food Festival“.
Платото помеѓу “ДМ Маркет“ и бар “Манаки“ во Битола беше преполно со оние кои сакаа да се забавуваат и уживаат во добра храна, а се бараше маса повеќе, се чекаше за храна и пиво.
На 6 штандови се приготвуваше и продаваше храна од секаков вид: скара, хот дог, тортелини, крофни, палачинки…
Оние кои присуствуваа уживаа со храна и се забавуваа со бендови и изведувачи од Битола. Тука беа “NALA“ бенд, а потоа атмосферата до максимум ја подигнаа членовите на битолската група “Деспина“ која ако не беше законското ограничување, кое организаторите го почитуваа, присутните ќе останеа до раните утрински часови.Горан од Битола, кој ова лето е во Битола и доаѓа од Германија, се забавуваше со другарите од Битола ни изјави:
-Прв пат еден ваков интересен настан, ми го предложија другарите и не погрешивме што дојдовме. Одлично си поминуваме, како можете да видите, на отворено со храна, со пиво и со убава атмосфера. Преубав дел од Битола, во центарот, заживеан во доцните вечерни сати, би требало повеќе пати да се повторува забавата, но си знаат организиаторите. Гостите кои доаѓаат тука сакаат помирно место да уживаат во добра храна во бар “Манаки“ настрана од гужите на Широк Сокак, но вечерва е многу живо и интересно што голем број луѓе се собрани на едно место и се забавуваат, пеат заедно. Ако сме в година кога ќе се организира пат ќе дојдеме. Организаторот на “Street food Festival“ кажа:
-Мило ние што по втор пат се организира во Битола светски популарниот настан “Street Food Festival“, а тука е како во секоја европска метропола ова лето и кај нас. Битолчани ја прифатија идејата да се организира еден настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна, а тое се потврдува според посетеноста која ја имаме вечерва, и според резервациите за утревечер. Вечерва сите уживаат во добра храна со музиката на наши, битолски, бендови. Започнавме лани настан по светски популарен настан “Street Food Festival“, а како се недевавме според реакциите лани продолжи и понатаму.
Атмосферата која вледееше синоќа ја долови нашиот фотообјектив и кажува многу повеќе од зборови, а ќе продолжи ви вечерва сабота 9 август. Гостите ќе ги забавуваат „ИКС Бенд“ и битолчанецот Виктор Апостоловски.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска