Press "Enter" to skip to content

Заврши второто издание на “Street Food Festival“ во Битола, на платото пред бар “Манаки“ (фотогалерија)

Синоќа во Битола на платото пред бар “Манаки“, кај Поштата со настапот на Виктор Апостоловски и групата “Икс бенд“ заврши второто издание на “Street food Festival“, организиран по светски терк со интересен концепт, летна шема уживање со добра музика, храна и пијалоци.Организаторите понудија, во две вечери, еден поинаков концепт на фестивал со храна, а имаа “слатки“ проблеми да им резервираат маси на сите кои искажаа голем интерес за настанот “Street food Festival“, а платото помеѓу “ДМ Маркет“ и бар “Манаки“ во Битола беше преполно, се бараше маса повеќе, се чекаше за храна и пиво.Синоќа, гостите ги забавуваа “Икс Бенд“ и Виктор Апостоловски, а на првата вечер настапија  “NALA“ бенд и битолската група “Деспина“.-Два вечери уживаме во храна, добра атмосфера и преубава забава на отворено, во опуштена атмосфета. По втор пат се организираше и во Битола светски популарниот настан “Street Food Festival“, а тука е како во секоја европска метропола ова лето и кај нас. Се радуваме дека битолчани ја прифатија идејата, а тое се потврди според посетеноста. Започнавме лани, продолжуваме и до година, рекоа организаторите.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »