Press "Enter" to skip to content

Земјотрес со епицентар на граница Грција-Албанија, почуствуван и во Битола

Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 13:07 часот на границата меѓу Грција и Албанија.

Епицентарот се наоѓал на 105 километри од Елбасан и 22 километри од Костур. Трусот бил почувствуван и во Битола, но засега нема информации за материјални штети или повредени лица.