Press "Enter" to skip to content

Совети од интернист: цистинурична нефролитија

Од д-р Васил Чипуровски добиваме стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност. Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за цистинурична нефролитијаза текст, за што вели:

-Цистинурија е вродено нарушување во метаболизмот на аминокиселините (цистин лизин, аргинин и орнитин) и има две форми хомозиготен тип каде има обилна цистинурија над 600 мг во 24 часовна урина и  хетерозиготен тип каде покрај хиперцистинуријата која е до 300 мг.

Патофизиолошки доаѓа до зголемена преципитација на цистин поради нарушена тубулна реапсорбција и цревна апсорбција и негово таложење во урината  со формирање на цистинска кристали и камчиња  кои клинички се манифестираат со  рецидивирачки уринарни  инфекции, хематурија, бубрежни колики па се до развивање на ХБИ.

При дијагностицирањето покрај ехо или ртг наодот улога има и  уринарниот седимент во кој се детектираат  цистински кристали во високоразвиеноте центри има и специфички тестови за цистинурија. Кај двата типа на цистинурија  има нарушена проксимална тубулна реапсорбција на ниво на бубрезите и нарушена  цревна апсорпција на цистин и други дибазични аминокиселини.

Превенција се состои во  зголемен внес на течности 4 литри на ден, намален внес на храна која содржи цистеин  и алкализација на урина со Na H CO3.

More from СоветиMore posts in Совети »