Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Еурофарм Пелистер над Вардар во новата сезона

Еурофарм Пелистер – Вардар 28:23 (12:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола извојуваа нова голема победа над вечниот ривал, Вардар 1961, на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, со конечен резултат 28:23, полувреме 

На стартот на натпреварот Еурофарм Пелистер не успеваше да создаде видлива предност, а во орвите дваесетина минути разликата се одржува на гол предност, а првпат битолчани отидоа на +2, а потоа и прво водство од три гола. Голманот Саид Хаидаридад на одмор отиде со 8 одбрани, а потоа “пелистерци“ имаа и четири гола предност, но на паузата се замина со само два гола негатива (12:10).

На почетокот на второто полувреме Пелистер ја одржува предноста од два гола, а потоа имаше +3 со голот во 38. минута.  Хеидаридад продолжи со одличниот настап, а битолчани дојдоа до +4. По одбраните на битолскиот голман Пелистер дојде до +6. Се повреди одличниот голман Хеидаридад, а го замени Брестовац.  Седумте гола предност во 54. минута одлучија кој ќе биде победник.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Хекберт со седум гола, Хаидарирад забележа петнаесет и Брестовац со пет одбрани.

More from СпортMore posts in Спорт »