Press "Enter" to skip to content

Во Битола откриен споменикот на Александар Турунџев, на него е напишано “Македонија ќе биде слободна“ и дел стиховите од песната посветена на неговата погибија (фотогалерија)

-Градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски заедно со потомци од семејството Турунџиеви, пред бројните битолчани и гости го открија споменикот на војводата на што претходеше своевидна претстава поткрепена со исторска симболика.

-Токму на денот на погибието пред 120 години, на овој 30 август, Битола ја исправи својата вечна должност и му подари споменик на Александар Турунџев, порача градоначалникот Коњановски.

Со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, вечерва беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под “Ат Пазар“ во Битола.На свечениот чин на откривање на споменикот на Александар Турунџев во Битола, кај кружниот тек кај поранешната Ветеринарна станицаму претходеше поворка низ битолските улици, испреплетена со историски факти.На почеток граѓаните се собраа пред пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен, каде беше разбиорено македонското знаме од млади момчиња облечени во комитска носија, членови на КУД „Илинден“ Битола. Поворката беше придружувана со блех музика и групата Љубојна како и младите зурлаџии и тапанџии од АФ “Гоце Делчев“ Битола, а предводник на поворката беше коњаницата „Костурска чета“.На свеченото откривање и во поворката покрај градоначалникот на Битола Тони Коњановски, пратениците Пеце Милевски и Силвана Ангелевска, секретарот на општината Борче Димитровски и советници и голем број на граѓани. Со народната песна “Цела се Битола расплака за Александро Турунџев“ свечено откриен споменикот на војводата во Битола од градоначалникот Тони Коњановски и потомци на војводата.

За тоа време во позадина се слушаше “Цела се Битола расплака за Александро Турунџев“ која ја отпеа оперскиот пеач Игор Дурловски.Претходно, пред откривањето на споменикот на еден од најголемите македонски борци за слобдна Македонија – Александар Турунџев, Сузана Турунџиева, потомок на војводата Александар Турунџев со емотивна изведба ја отпеа македонската национална химна, поздравена од присутните!Инаку, бројни граѓани се приклучуваа на поворката која се движеше низ плоштадот „Магнолија“, покрај реката Драгор до “Ат Пазар“ каде и беше погубен војводата, па се новиот кружен тек каде е поставен споменикот на историската личност Александар Турунџев.Присутните оддадоа почит за името и делото комитата кој загина на олтарот на татковината за ослободување на цела Македонија.На сцената македонската државна химна ја отпеа правнуката на Турунџев, певицата Сузана Турунџиева, а оперскиот пејач Игор Дурловски во аранжман на Николче Мицевски ја изведе песната посветена на војводата Турунџев – „Црно му било пишано“.На откривањето на споменккот на Турнџев присуствуваше и поранешниот градоначалник Владимир Талески, во чиј мандат беше донесена одлуката за подигнување на споменикот беше донесена во 2015 година, а беше изработен и стоеше во општинскиот двор.Преходно, денес на пладне, делегација на општина Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски и почитувачи на името и делото на Александар Турунџев, после панихидата одржана од свештеник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, отец Стефан, положија цвеќе на неговиот гроб на Илинденските гробишта во дворот на битолската црква “Света Недела”. Инаку, Александар Турунџев e роден во 1872 година во село Горно Врбени, Леринско. Бил војвода на ТМОРО и ВМРО! Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа и како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков за 150 жолтици. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-пазар, на 30 август 1905 година. Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од Саат-кулата крај Безистенот, реката Драгор, па сè до Ат-пазар. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиран. Кон поворката се приклучиле над 3.000 битолчани. Збунетиот поп пред егзекуцијата го прашал: “Кои се твоите последни зборови?“Тогаш Александар се поткачил на столчето, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: “Македонија ќе биде слободна!“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил.

Фото: Сашо и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »