Press "Enter" to skip to content

Во Битола годинава се запишаа 651 првоодделенец

Основните општински училишта го одржаа првиот час за првоодделенците од Битола во чии клупи се 651 девојче и момче.

Годинава битолските училишта се попразни, за разлика од минатогодишните 767 запишани првачиња во учебната 2024/2025 година.

Помалку запишани првачиња нема само во руралните средини, туку и во централните градски училишта.