-Светлосно шоу за затворањето на “Бит фест“ светлосна сцена, а во позадина серенади, сето тоа магија за битолчани што не се раскажува туку доживува, вечерба на платото пред Офицерски во Битола, финалната видео-презентација на „Bitola Art Mapping“, “light festival“ како во Лион, Берлин, Атина, Прага, Сиднеј, Талин, Амстердам…
Вечерва беше спуштена завесата на битолското културно лето “Бит-фест 2025“ по седумдесет дена настани кои можеа да ги проследар битолчани на десетина локации низ Битола, а на кој беше понудена програма за сите вкусови и возрасти.
Со настанот “Bitola Art Mapping“, спектакл со современа уметност, 3Д мапинг и музика, вечерва свечено беше затворено 17. издание на Битолското културно лето – „Битфест“. Ва вечерашниот настан учествуваа и Петар Мирчевски, Соња Михајлова, Никола Стефанов, Катерина Аневска – Дранговска, Јулијана Мирчевска и КУД “Илинден“ од Битола.
Во изминатите 70 тина дена, почнувајќи од 26 јуни, Битола повторно блесна како центар на културните случувања во државата.
Општина Битола имаше чест да биде домаќин на низа настани кои ја славеа македонската музика, култура и традиција, кои отворија простор за младинска креативност, за театарска уметност, за врвни класични изведби и за содржини посветени на најмладите.
Посебна гордост се настаните што оставија траен впечаток – како спектакуларниот концерт на Армин ван Бурен на Стадионот „Петар Милошевски“, кој уште долго ќе се памети како дел од културната историја на градот.
Со особено внимание ги негувавме и традиционалните манифестации, а оваа година е значајна и по тоа што за првпат “Бит фест“ доби поддршка од Министерството за култура и туризам токму во доменот на креативните индустрии. Резултат на таа поддршка е и вечерашниот настан, кој ја претставува финалната слика на ова фестивалско лето – “Bitola Art Mapping“, проект кој ја претвори Битола во сцена за современа уметност, за 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации, кои ја пренесуваат културата директно до публиката.
-Со секое издание на БИТ ФЕСТ ја зацврстуваме позицијата на Битола како културно срце на регионот и дека вечерва е уште една прекрасна страница во таа приказна. Ова не е само крај на едно фестивалско лето – ова е прослава на уметноста што нè издигнува над секојдневието и ни покажува колку е моќна културата кога ја живееме заедно, порачаа од Општина Битола.
Фото: Дамијана Ристевска











