Press "Enter" to skip to content

Александар Вангеловски нов претседател на Социјалистичката партија во Битола

Синоќа во партиските простории се одржа Изборното Собрание на Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија во Битола, на која делегатите на Собранието за нов претседател на ОО СПМ-Битола го избраа Александар Вангеловски, долгогодишен член на партијата.По изборот Вангеловски се заблагодари на довербата и рече:

-Со голема чест ја прифатив довербата да бидам избран за претседател на Општинската организација на СПМ Битола и сакам да искажам благодарност претседателството и републичкиот одбор, досегашното раководство и сите членови на општинската организација за укажаната цврста и голема поддршка при денешниот избор. Нашата водилка ќе бидат правдата, еднаквоста и солидарност, вистински социјалистички вредности без кои нема напредок. Со нив ќе ја градиме силата на СПМ во Битола и ќе докажеме дека политиката е успешна само тогаш кога служи на народот.Во новото претседателство во Битола се потпретседателите Стојан Христовски и Иванчо Ѓорѓијовски, секретарот Стевче Шкрековски, извршниот секретар Стевче Богојовски кои заедно со Вангеловски ќе се залагаат за промените во делувањето на членството, отварање на вратите на организацијата за враќање на пасивизираните членови, но и за новите, на активниот пристап кон поддржувачите и симпатизерите, зајакнување на релациите и интензивирање на соработката со коалиционите партнери и поставување на Општинската организација на цврсти основи кои ќе обезбедат нови резултати.Инаку, Вангеловски своите партиски активности ги започнал во Младите социјалисти на Македонија – МСМ, продолжувајќи со непосредно учество како партиски активист во сите тековни партиски активности и досегашни изборни циклуси, но и како кандидат за пратеник од СПМ и портпарол на коалициониот Изборен штаб за 5 Изборна единица. Денес е заменик координатор на СПМ за 5 Изборна единица.

Вангеловски е вработен во јавното претријатие хидро систем “Стрежево“.Досегашниот претседател на ОО СПМ-Битола, беше д-р Ѓорѓи Ѓоргиевски, а  за неговото ангажирање и водење на Организацијата му беше укажана голема благодарност.