Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола победник во Суперкупот, го победи Вардар во Кавадарци (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 28:27 (12:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Кавадарци по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако во драматичен финиш го совладаа Вардар со 28:27, полувреме 12:13 и ја отворија новата сезона со трофеј.Натпреварот започна Вардарци со две грешки, тоа донесе два гола и предност 2:0, потоа беше 3:1 и 4:2. Следуваше враќање на “вардарци“ 5:5. Еурофарм Пелистер со ефектен гол на  Тајник по добар дриблинг дојде до 6:5, а следуваше прва вардарова предност од 6:7. Кузмановски промаши пенал, па по голот на Малус за 6.8 тренерот Гарабаја побара прв тајм-аут. Серијата се зголеми на 0:4 со двата гола на Дмитро Хориха. Валид и Ходни намалија на  8:10. По 9:11 минута одмор свика и Чупиќ. Максимални +4 (9:13). До крајот на полувремето голови даваше само Пелистер, Манасков, Тајник и Хосни и на одмор се замина со 12:13.Во вториот дел “пелистерци“ со головите на Хосни и Радивојевиќ поведоа со 14:13. Следуваше директно исклучување за Богдан Радивојевиќ. Се играше некое време гол за гол, а потоа Пелистер поведе со 17:15, но Вардар бргу израмни. Избраниците на Гарабаја одржуваа два гола предност која ривалот ја бркаше. Со голот на Кузмановски од шест метри “пелистерци“ поведоа со 24:21 на влезот во 49 минута. Младиот Брестовац врза интервенци и го бранеше водството на својот тим, а со голот на Пешевски пелистерци поведоа со +4, 26:22. Скопјани се вратија во мечот со 26:25, а Гарабаја реши да повика тајм-аут за консолидирање на тимот, но Вардар стигна до 26:26.

Во последните две минути се влезе со целосен егал 27:27. Над Тајник беше досуден пенал, а погоди  Манасков за +1. И на спротивната страна имаше седмерец и ново израмнување 28:28. По тајм-аут реализираше Усама Хосни и донесе голема победа за својот тим.Во последниот напад Вардар бараше фаул од Манасков врз Талески, се прегледуваше и ВАР, ама судиите оценија дека нема такво нешто.Најефикасен играч на средбата беше Хосни со осум гола.

More from СпортMore posts in Спорт »