Со одговорност, транспарентност и посветеност во работењето, реализирани стотици проекти, претставени на сто страни, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги претстави сумираните резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година.
Овој отчет претставува јасен доказ дека стратешкото планирање и упорната работа можат да ја претворат визијата во конкретни дела. Тој е сведоштво дека Битола чекори напред со проекти кои оставаат траен белег за идните генерации.
Во отчетот на градоначалникот Коњановски, граѓаните можат да се информираат за капиталните и други проекти, насочени кон развој и модернизација на општината во интерес на сите нејзини жители.
Меѓудругото, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/otchet-2021-2025/, претставени се проектите:
- Осветлување на архитектонскиот бисер Широк Сокак
- Изградба на влезот во Битола од Охрид
- Изградба на влезот од Скопје
- Изградба на велосипедски патеки
- Изградба на Нов парк во Нова Битола
- Поставени фотоволтаици на 10 училишта
- Изградба на детска градинка во АРМ
- Изградба на нова противпожарна зграда
- Стадион „Петар Милошевски“: комплетирана северната трибина, реализација на проект за јужната трибина, подготовка за меѓународен натпревар
- Подготовка на нов ГУП за Општина Битола
- Дигитализација на дел од услугите
- Партерно уредување и осветлување кај Офицерски дом
- Реконструкција, осветлување и хортикултурно уредување на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“
- Изградба на пешачка патека „Тумбе кафе – Смолево“
- Авантуристички парк на Пелистер
- Поддршка за изградба на Планинарски дом „Копанки“
- Изградба на „Памп трак“ полигон за велосипедисти, „Бајк парк“ Смолево, болдер ѕид за качување
- Нови детски паркови
- Нова детска градинка во поранешниот дом за доенчиња и мали деца
- Нови спортски терени во ООУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба
- Изградени и реконструирани улици и патишта во должина над 50 километри
- Започнати со реализација 14 од вкупно 16 проекти, поддржани од Владата на Република Македонија
- За Општина Битола од Владата доделени 707 милиони за 65 нови проекти
- Нова противпожарна опрема
- Урбано зазеленување и чистење депонии
- Финансиска поддршка за првооделенците и талентираните и наградени ученици
- Инвестиции во детските градинки, основните и средните училишта
- Социјална заштита, поддршка за лицата со попреченост, лицата со ретки болести, жртвите на родово и семејно насилство
- Поддршка на културни манифестации, спортски клубови и високи спортски резултати…
Отчетот за периодот 2021–2025 година ја отсликува доследноста во работењето на локалната самоуправа, реализираните проекти и заложбата за континуиран развој на општината.
Презентираните резултати ја потврдуваат насоката кон одржлив, модерен и европски ориентиран град, како и посветеноста во управувањето со јавните ресурси и успешното спроведување на развојни политики, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата и социјалната заштита во Општина Битола.






