Press "Enter" to skip to content

Две дипломки од УКЛО Битола добитнички на престижниот “Инженерски прстен 2025“

Катерина Стојкоска, од Техничкиот факултет – Битола и Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола,  при УКЛО, се вбројуваат меѓу најдобро дипломираните  студенти на инженерските факултети, на кои македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова им го додели признанието – „Инженерски прстен“.

Свеченоста се одржа на 3 септември 2025, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид. Церемонијата на доделување на „Инженерски прстен“ за 2025 е посветена на најдобрите дипломци од инженерските факултети во Македонија. Манифестацијата се одржа по 22-ри пат и претставува симбол на континуитет, извонредност и професионална посветеност во областа на инженерството.

Организатори на церемонијата се Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на државата.

Инженерски прстен претставува престижно признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети и воедно поттик за изучување на инженерството. Тоа е придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок и за развој на инженерската професија како клучен фактор во унапредувањето на општеството.

More from ВестиMore posts in Вести »