-Илче Милошевски од Битола, наш сограѓанин, пред некој ден ја заврши својата велосипедска авантура, редок и навистина храбар подвиг, велосипедска тура од Битола до Софија и назад.
-Се поклони на гробот на Крсте Петков Мисирков во Софија, но не го најде гробот на Ѓорче Петров.
-Илче ни порача дека идеален начин на транспорт во Битола, град со радиус помал од пет километри е велосипедот или пешачењето, и додава: секој не може да изведе вакви долги тури, но секој може да користи велосипед барем до работа или за секојдневни потреби.
Битолчанецот Илче Милошевски пред некој ден го заврши својот храбар подвог, извози велосипадска тура од Битола до Софија, со враќање преку Крива Паланка, Кратово и Плетвар, назад кон родниот град, а како и се договоривме пред поаѓање по добиени информации и фотографии тоа и го објавуваме.
За својот подвиг Милошевски и како се подготввал за вело-тура од повеќе од 850 километри ни рече:
-Иако возачка дозвола поседувам од мојата осумнаесетта година, автомобил воопшто не користам, на велосипед сум целиот свој живот, го користам цела година и на сите временски услови. Минатата година набавив хибриден патнички велосипед ROSE и решив да правам тури на подолги релации. Турите се секогаш самостојни. Имам возено на релација Битола -Скопје – Битола и Битола – Солун – Битола. Овој пат решив да извозам нешто подолго, но и попредизвикувачко, а тоа беше Битола – Софија – Битола. Знаејќи ја големата нивелација од 5.000 метри на потегот од Битола до Софија, во месеците јули и август се припремав на Баба планина, од Битола од ски-центарот Ниже поле, потоа до хотел “Молика“ и повторно назад до Битола-тура со растојание од 56 километри.
-Ние луѓето секогаш сме присутни само во сегашниот момент, бидејќи минато е завршено а иднината како концепт е непостоечка или само продолжена сегашност. Затоа и сакам предизвици ме прават да се чувствувам навистина жив и присутен во моментот, редовно планинарам и често патувам. Генерално ја избегнувам болеста на денешницата и модерниот свет, комфорната зона, и секогаш се трудам некомфорното да стане моето комфорно, додава Илче.
За ваква тура е потребна исклучителна добра психо-физичка состојба, да се биде во добра физичка кондиција, а за Илче да ја има посакуваната форма секојдневно вежба, интервално пости, се капе во студени вода дури во најлошите зими, а нема никакви пороци, вклучително кафе, шеќер и процесирана храна, со еден збор аскет.
-За долги тури велосипедот мора да е технички исправен, со себе мора да се носат резервни делови и гуми. Магнезиум, електролити, суво овошје, јаткасти плодови, 2 до 3 литри вода се од суштинско значење. Задолжителни се и велосипедска кацига, дисаѓи, предно, задно светло и флуоросцентен елек, вели Милошевски, за тоа што е потребно да се тргне и да се стигне до целта во велосипед.
Вело-турата која ја“помина“ Илче беше со должина од 841 км, патот до Софија е целосно ридско- планински и е огромен предезвик сам по себе, посебно за толку кратко време.
-Имав само пет дена, четири за возење и еден за одмор и мала прошетка низ Софија. Дневно возев по 210 км. Првиот ден тргнав рано во четири наутро, се помина во најдобар ред и стигнав во Кратово во 18 и 30 приквечерината. Кратко го разгледав центарот на градот, јадев и веќе правев подговка за наредниот ден. Наредниот ден почнав да возам од 3 наутро, за во 18 и 30 во петокот, 28 август, да пристигнам во Софија. Велосипедската километража е подолга за околу 30 км од таа за автомобил, бидејќи се кружи северно од Перник низ висорамнина по регионален пат во општина Брезник за да да се влези во градот од западна страна преку Божуриште.
Но, во мислите на Милошевски не беше само да се помине патот до Софија, туку имаше и друга цел, да запали свеќа и да се поклони на грбовите на Крсте Петков Мисирков и Ѓорче Петров, кои се наоѓаат во централните софиски гробишта, за што вели:
-Откако се одморив и го разгледав центарот на Софија, посетата имав решено да ја искористам за да оддадам почит на македонскиот филолог и публицист Крсте Петков Мисирков и револуционерот Ѓорче Петров во централните софиски гробишта. Гробот на Крсте Петков Мисирков го пронајдов без проблем, бидејќи ја знаев точно гробната парцела, за жал гробот на Ѓорче и покрај моите усилби и обидите во архивот на зградата на гробната администрација, како и контактирање на пријатели од Макадонија за помош, за жал не успеав да го лоцирам во огромното гробно пространство.
По краткиот одмот во Софија Милошевски го започнува враѓањето кон Битола.
-Во 3 часот наутро тргнав низ празните софиски булевари, со цел избегнување на сообраќан метеж, кон Македонија, односно граничниот премин Деве Баир, Крива Паланка и по експресниот пат до Кратово. Во непосредна близина на Кратово, во селото Кетеново ги посетив земјените пирамиди во наоѓалиштето Куклица, а последниот ден, од возењето додава:
-Последниот ден беше најтежок на релација Кратово – Битола, бидејќи бев премногу уморен и кога се враќате кон Битола, Плетвар е речиси 30 километри на угорница, но за моја среќа вложив многу напор и со многу желба и мотивација, која ја имав во текот на сите дена се вратив во Битола.
Иако низ Битола и Макед0нија гледаме голем број на велосипести, само малкумина Македонци се одлучуваат да возат велосипед на ваков начин, па затоа Милошевски ни раскажа анегдота.
-Имав една интересна случка пред Росоман, во близина на автопатот “E-75“. Пред мене сопре автомобил со велешки таблици, кога се доближив човекот го отвори прозорецот и почна да ми зборува на германски, се работеше за двајца нашинци од Германија. Кога им вратив на македонски, ми рече “Извини другар мислев дека си шваба“.
Милошевски овој свој подвиг сака да го искорости да агитира за повеќе возење на велосипеди, посебно во Битола и апелира:
-Ситуацијата со сообраќајниот метеж во Битола е аларманта. Градското јадро е градено за време на отоманската империја со многу тесни улици, нескладно за големи автомобили. Градот е со население од 65.000 жители, со преку 33.000 автомобили, што е апсурд за град со радуис помал од 5 километри, каде што идеален начин на транспорт е велосипед или едноставно пешачење. Свесен сум дека не секој може да изведи вакви велосипедски подвизи, но знам дека секој можи да користи велосипед барем до своето работно место или за други потреби низ градот, со тоа ќе се придонесе за почист град и средина, како и стекнување на здрави животни навики.
Неговиот подвиг е потсетник дека покрај авантурата, велосипедот може да биде и практично, еколошко и здраво решение за живот во урбаните средини.











