Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе на споменикот на револуцијата во Битола одбележан Денот на незавизноста на Македонија

Денес, Република Македонија одбележува 34 години од историското референдумско „ДА“ – ден кога народот достоинствено го избра патот на самостојноста, независноста слободата и сувереноста.

По повод овој значаен ден, пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии.

Со овој настан, се оддаде почит на сите што со визија, жртва и идеја ја градеа современата македонска држава.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! Да ја чуваме слободата, да ја негуваме независноста, да ја браниме татковината, да создаваме дела за нејзин напредок – секој ден, со секој чекор“, порача градоначалникот Коњановски по повод „8 Септември“ – Денот на независноста.